9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНи во војна немало ваков случај како убиствово на 5 цивили, му...

Ни во војна немало ваков случај како убиствово на 5 цивили, му вели Јанкулоска на Јанакиески во „бомба“ од Монструм

spot_imgspot_img

Во бомбите што денес беа пуштени првпат на судењето во случајот „Монструм“ има разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески во кој поранешната министерка за внатрешни работи му вели на тогашниот министер за транспорт и врски дека во историјата на државава не се памети потежок случај од овој со петкратното убиство. Разговорот е направен на 16 април 2012 година, а во него Јанкулоска со оптимизам му вели на Јанакиески дека случајот ќе се реши, но прашање е дали тоа ќе биде за шест месеци, една или повеќе години.

Јанакиески: Кај си?

Јанкулоска: Еве по телефони зборам. Да ти кажам, до сега не сме имале потежок случај од овој.

Јанакиески: А колава од каде е? Да не е од одземен имот?

Јанкулоска: А бе колава кај нас е, ама тоа не е важно. Ни треба некој да ни каже кој ја возел колава, дали полнел бензин, дали платил во кеш или со картичка. Колата е решена, знаеме и од кого е купена. Чисто е тоа, туку да ни каже некој каде се движела. Не е украдена, стоена е во Македонија.

Јанакиески: А тој што ја купил каде е?

Јанкулоска: Не е тука, ама ќе го најдеме него. Повеќе од корист ни е да ни се каже каде е возена.

Јанакиески: Нема ли некои траги? Влакна?

Јанкулоска: Треба време да се изработат вештачења околу тоа.

Јанакиески: А бе многу е аматерски оставена колава. Можеле да ја запалат, така се уништуваат биолошки траги.

Јанкулоска: Море не е аматерски, не е тукутака оставена колава. По земјата траги и со хемиски анализи утврдивме дека колата била таму. Макотрпна работа е тоа, има детали и ситници. Ќе ги најдеме, само прашање е дали ќе бидат шест месеци, година или повеќе. Ајде, за наоѓање, што не сме нашле, па и ова. Само притисокот е голем, а и греота се децава. Нема нешто што можеш да сокриеш. Миле Хаџиски го баравме 20 години, па го најдовме на крај. Ама работава е да не бидат 20 години, туку побрзо. А и ти експерт за коли си станал…

Јанакиески: А ти оптимист си?

Јанкулоска: А бе оптимист сум. Ама ни во војна немало вакво нешто.

Јанакиески: Нешто како Карпалак?

Јанкулоска: Војник или полицаец е нешто друго, оти таму секое излегување може да ти е последно. Ама пет цивили не сме имале никогаш.

Во прислушуваните разговори има и комуникација помеѓу Јанакиески и тогашниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, снимена на 13 април, еден ден по убиството, околу 23 часот. Во овој разговор се слуша како Трајановски разговара со Јанакиески дека не работи осветлувањето што е во надлежност на Град Скопје, а се однесува на местото каде што еден ден претходно се случи петкратното убиство во Смилковци.

Трајановски му сугерира на Јанакиески дека треба да се пуштат светлата околу тоа место и му вели дека „да имало осветлување, ќе било поинаку“. На ова Јанакиески му одговара дека проблемот е во тоа што светлата се крадат, но ќе види што може да направи.

izvor mkd.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...