13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГЕГЕ ДЕМИРОВСКИ - НОВ ЛИК НА РОМСКАТА БИНА

ГЕГЕ ДЕМИРОВСКИ – НОВ ЛИК НА РОМСКАТА БИНА

Од денот на осамостојувањето на оваа наша држава во упорната трка за демократија и човекови права на секој поединец во нашата заедница, не видовме никакви суштински промени освен сведоштвото за еволуција на грдите ликови од нашето општество, кои во “име на народот“ онака пред наши очи, стручно ја користеа каузата за националните права и се збогатуваа до недоглед. Од друга пак страна, останаа ужасните слики на сиромаштија и тотално газење по човековото достоинство бидејќи поголем дел од населението остана обесправен и во потполност отфрлен небаре се дојдени од некоја друга димензија и истите се невидливи за нашите очи на планетава Земја!!
Таквото однесување на политичките манипулатори, кои не го држат зборот даден на избори кога ние граѓаните сме им најмногу потребни, нас не донесоа до ова дереџе во кое вистинските жители на Македонија живеат отфрлено и презрено како да се толпа на шугави кучиња а не луѓе со интегритет и авторитет!!
Да, погодивте! Зборувам за нашите почитувани сограѓани Роми кои воопшто не ја почувствуваа благодатта на суверена Македонија бидејќи, благодарејќи на политиката на дискриминација, сеуште живеат на маргините на општеството како да се, не дај Боже, носители на големи погубни епидемии кои се закануваат да го сотрат човештвото еднаш засекогаш!!
Но, секоја неволја има свое времетраење па и оваа, иншалах. Како да се гледа светло во темнината на тунелот што постојано ни го копаат луѓе кои не му посакуваат добро на ромскиот народ но и пошироко.
Но сепак, гледаме како неколку месеци наназад еден човек упорно се труди да ја изнесе на виделина горчливата состојба на Ромите и хумано и упорно се обидува да се избори за благосостојба на својот народ. Изгледа малку поинаков од политичарите кои се збогатија преку грбот на обесоправените Роми и тоа “во име на Ромите.“ Оди, трча, се поти и се дружи со луѓето на кои сите заборавивме а сето тоа е резултат на неговата грижа и хуманост.
Човекот се вика Геге Демировски и мислиме дека, ако вака продолжи, допрва ќе пишуваме за него и неговиот допринос за ромската заедница, ама, ајде да видиме дали ќе заслужи. Му посакуваме се најдобро ако е навистина искрен. Време е Ромите да ги поведе човек со достоинство кој ќе покаже вистинска грижа за својот народ.
Ајде Геге, само напред!
Gege Demirovski

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...