8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСител сторија - од инвалидска количка на нозе со нова хируршка интервенција

Сител сторија – од инвалидска количка на нозе со нова хируршка интервенција

Со музика полесно поминува престојот во болница. Музичарот Неат Велиов кој има 4 децениска кариера со неговиот блех оркестар, се опоравува од хируршката интервенција со трубата покрај него. На ортопедија го донеле во инвалидска количка. Поради сериозни проблеми со колената последните 5 години не можел да се движи самостојно. Операцијата во понеделникот била успешна за Неат.

-Пет години сум со количка. Сега можам да функционирам, ее гледате сега го мрдам коленото. Ќе се вратам на музиката, зашто изминатите години луѓето ме заборавија. Ме оперираше др. Камнар и сега сум супер, вели Неат Велиов музичар.

Неат Велиов е првиот пациент во земјата но и пошироко кај кого е направена операција и добил ново колено. Ортопедскиот хирург Виктор Камнар кој го оперирал Велиов, вели дека освен оваа интервенција нема друг спас за овие пациенти да не завршат како инвалиди.

– За прв пат во Македонија изведовме операција, тоа е реконструкција на коленов зглоб и тоа кај посебни состојби- пострауматски состојби, претходно вграднеи импланти и ова е напредна технологија и се прави кај многу тешки деформитети. Нема друг тип на лекување и овие лица завршуваат во инвалидски колички, вели др. Виктор Камнар ортопедски хирург

Во операционата сала на Ортопедија присуствувал и австриски тим на лекари кои ги надгледувале интервенциите. Освен Велиов, упсешен третман на коленото имала уште една пациентка. Порано, лицата со вакви деформитети оделе на лекување во странство.

-Пациентите се добри, рехабилитацијата кај нив е побрза од вообичаено. Се зголемува бројот на пациенти кои имаат потреба од вакви интервенции, вели Камнар.

Велиов наскоро ќе ја напушти Ортопедија и дома ќе си замине без инвалидска количка. Но работите не застануваат. Доктор Камнар најави дека ќе продолжат со овие интервенции а не ја исклучува можноста освен на Клиника овие операции да ги прават заеднички со неговите колеги и во другите ортопедски центри во земјата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...