8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНефи Усеини: Да станеме да ги браниме покривите од нашите браќа, и...

Нефи Усеини: Да станеме да ги браниме покривите од нашите браќа, и сите заедно да го спречиме уривањето на дивоградбите

Советникот Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во статусот тој алудира на тоа декане се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.

Усеини на Фејсбук напиша:

Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.

Од 1400 дивоградби,вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши.

Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.

Усеини е сосптвеник на дивоизградена пицерија до чинарот  во Охрид и на бетонска база ( исто така дивоградба ) на самиот езерски брег.

Акцијата за уривање во Охрид треба да продолжи од утре.

охрид 1

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...