13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКатица Јанева всушност и не е во затвор

Катица Јанева всушност и не е во затвор

Катица Јанева не е сместена во специјално одделение во Шутка, бидејќи тоа не постои. Таа е сместена во друг оддел, вели директорот на затворот во Шуто Оризари.

“Тоа се шпекулации. Специјалната обвинителка не е сместена во, ако мислите, во хашкото одделение. Има повеќе блокови, хашкото е да речеме поизолирано. Господинот Јовановски е таму затоа што дојде прв…”

Условите во хашкото одделение во споредба со останатите простории се речиси идентични, вели Рахиќ.

Иако далеку од идеални, Рахиќ тврди дека условите во затворот кој го раководи се подобрени. Со донации од приватно лица и фирми се врши реконструкција на ќелиите, а поправена е и исхраната.

Дека се подобрува сликата за македонскиот затворски систем согласни се и надлежните лица.

“Само во Идризово ставени се лани во функција отворено и полуотворено одделение каде што се испочитувани сите затворски правила…во секоја ќелија има ТВ со 150 канали…”

Опремувањето на затворските установи беше помогнато со проект од Европската Унија вреден 46 милиони евра, кој се спроведува од 2010 година.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...