21 C
Ohrid
понеделник, септември 21, 2020
Почетна Македонија ''ВИКЕНД НА МРТОВЦИ ВО ОХРИД'' ФИРМАТА ЈА ЗАТВОРИЛ ПРЕД 4 МЕСЕЦИ И...

”ВИКЕНД НА МРТОВЦИ ВО ОХРИД” ФИРМАТА ЈА ЗАТВОРИЛ ПРЕД 4 МЕСЕЦИ И СЕ УШТЕ ВРШИ ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ

Translate (Eng):[gtranslate]

”ВИКЕНД НА МРТОВЦИ ВО ОХРИД” ФИРМАТА ЈА ЗАТВОРИЛ ПРЕД 4 МЕСЕЦИ И СЕ УШТЕ ВРШИ ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ.

Погребалното претпријатие ”Вечен Сон” од Охрид и покрај тоа што ја затворил фирмата и ги продал возилата се уште врши дејнос во Охрид и надвор од градот во соработка со погребалното претпријатие ”Солза Скепароски” од Струга, што е спротивно по закон. За оваа дејност сопственикот е потребно е да има три возила,погребална опрема, тројца вработени и фирма, а не услугите да се извршуваат на црно од неговиот дом со една возило без никаква дозвола.

Случајот е пријавен во Државниот комунален инспекторатСкопје за кој сеуште нема одговор од директорот Сали Ајдини.

РЕКЛАМА

1. Вршење на погребални услуги
Член 20
Погребалните услуги ги вршат физички и правни лица кои имаат дозвола за
вршење на погребални услуги.

Дозвола за вршење на погребални услуги
Член 21
1) Физичко или правно лице за да добие дозвола за вршење на погребални
услуги, мора да ги исполнува следните услови:
1. да има живеалиште, односно седиште во Република Македонија ;
2. да е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија за
вршење на дејност на погребални и придружни активности;
3. да не е поведена стечајна постапка или постапка за ликвидација;
4. одговорното лице или член на органот на управување на правното лице,
односно физичкото лице да не е правосилно осудено за кривично дело во јавните
финансии, платниот промет и стопанството или кривични дела против работните
односи, додека траат последиците од пресудата или да не му е изречена
прекршочна санкција забрана на вршење на дејноста во траење од една или
повеќе години;
5. финансиски да е способно, односно своите сегашни и идни обврски, под
нормални услови за работење да може да ги исполнува во период од 12 месеци
што се докажува со документ за економска и финансиска способност издаден од
Централниот регистар на Република Македонија;
6. да е осигурен во осигурително друштво и да приложи писмен доказ за
способноста за надоместување на евентуална штета настаната по однос на
одговорноста во вршењето на неговата дејност во согласност со закон;
7. да има најмалку три вработени лица со соодветно образование, да поседува
соодветна техничка опрема и да ги исполнува минималните здравствено –
санитарни услови за вршење на дејноста и
8. да не поседува дозвола за управување со гробишта.
2) Соодветното образование, техничката опрема и минималните здравствено –
санитарни услови за вршење на дејноста, од ставот 1 точка 7 на овој член.

Дозволата од ставот 1 на овој член ја издава органот на државната управа
надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со рок на
важење од пет години, со можност за нејзино продолжување, на секои пет години,
доколку управителот на гробиштата ги исполнува условите пропишани со овој
закон. Барањето за продолжување се поднесува шест месеци пред истекот на
рокот на важење на дозволата.
4) Операторот на погребални услуги мора во секое време да ги исполнува
условите од ставот 1 на овој член, во спротивно неисполнувањето на било кој од
условите на ставот 1 на овој член, претставува основ за одземање на дозволата за
вршење на погребални услуги.
5) За издадените дозволи за вршење на погребални услуги органот на
државната управа од ставот 3 на овој член води регистар, кој постојано се
ажурира и се објавува на неговата веб страна.
6) Формата и содржината на образецот на барањето, формата и содржината
на образецот на дозволата за вршење на погребални услуги, начинот на издавање
и одземање на дозволата, како и формата и содржината на регистарот за издадени
дозволи за вршење на погребални услуги ги пропишува министерот кој раководи
со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на
комуналните работи.

Но во овој случај не е испочитуван ни еден од горе наведените членови.

- Реклами -