10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедонците го извадија вентилаторот-поставија знаме со Кутлеш -Грците го украдоа ??

Македонците го извадија вентилаторот-поставија знаме со Кутлеш -Грците го украдоа ??

Грчките “ултраши“ го украле знамето со 16-зрачното сонце пред Македонскиот конзулат во Мелбурн?

На јарболот наменет за македонското знаме пред Македонскиот конзулат во Мелбурн повеќе денови нема ништо. Последно на него се вееше “империјалното“ македонско знаме (со сонцето од Кутлеш што Република Македонија го имаше за државно во периодот 1992/95), но ниту него повеќе го нема. По само една вечер мистериозно е исчезнато. А за тоа кој го зел во подножјето на празниот јарбол има оставен потпис – налепница од Ultras Hellas.
На 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија – пред македонскиот Конзулат во Мелбурн се одржа протест при кој беше симнато државното македонско знаме (официјално од 1995 наваму) и заменето со знаме со сонцето од Кутлеш. Неколку десетици македонски патриоти од тукашното иселеништво се собраа да го искажат својот револт против националните понижувања кои ги трпат Македонците под децениските уцени: од промената на знамето до промените во Уставот и државното име. Тие никогаш нема да ги прифатат овие промени. Затоа беше и симнато од јарболот државното македонско знаме и заменето со “империјалното“. Покрај ова беа запалени картонските ликови на премиерот Заев, на вицепремиерката Шеќеринска како и знамињата на Грција, Бугарија и Албанија.
Симнатото државно знаме по протестот исчезна, па полицијата сега го истражува овој случај како дипломатски скандал. Се јави и Бугарската амбасада во Австралија која побара од мелбурншките власти да се повикаат на одговорност палачите на нивното знаме.
Сега гледаме дека “суптилно“ реагирале и Грците, кои го симнале и одзеле знамето со 16-кракото сонце.

Пишува Австралчиско Македонскиот Неделник

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...