16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотМД „Илинден“ бара од Албанија итна ратификација на Спогодбата за отворање на...

МД „Илинден“ бара од Албанија итна ратификација на Спогодбата за отворање на културно-информатвен центар

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Републка Албанија ја повика владата што побрзо да го достави до Собранието потпишаниот договор меѓу Северна Македонија и Албанија за отворање на македонскиот културно-информатвен центар во Тирана за негова ратифкација.

 

Го изразуваме нашето незадоволство бидејќи и по шест месеци од потпишувањето на Договорот меѓу двете држави документот не е ратификуван.

Ја повикуваме владата на премиерот Еди Рама под итно да го испрати Договорот за ратификација во Парламентот, а од претседателот на Парламентот Грамоз Ручи веднаш да го стави на дневен ред. Сметаме дека отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана е многу важен за блатералните односи и дополнително ќе ја унапреди соработката меѓу двете држави, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Се додава дека со отворањето на центарот ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Културно-информативниот центар е предвиден со договорот меѓу владите на двете земји кон крајот на мај годинава.

За директор на Центарот е именуван Златко Орѓански, кој исто така преку Фејсбук реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратфикацијата на Договорот, со кој албански културно-информативен центар се отвора во Битола.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...