9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопје - Цело семејство живее под мост со “намирници“ од контејнери

Скопје – Цело семејство живее под мост со “намирници“ од контејнери

spot_imgspot_img

Домот на ова тричлено семејство се наоѓа во општина Аеродром, и тоа, ни помалку ни повеќе – под мост.

Столб на ова несреќно семејство е синот, кој пак собира пластични шишиња за да им обезбеди најосновни средства за хигиена и за парче леб.

Мајката е нема, како последица на мозочен удар, па таткото се грижи за неа додека синот работи. Надлежните институции немаат слух за ова семејство, со оглед на тоа дека тие веќе побарале помош на неколку места.

Овие фотографии ги испратија совесни и загрижени граѓани кои гледаат како се измачува ова тричлено семејство.

Доколку ти, што го читаш ова, сакаш да им помогнеш, можеш да ги најдеш под мостот во општина Аеродром, во близина на Универзитетот ФОН. Секаква помош им е добредојдена!

Апелираме до Центарот за Социјална работа што поскоро да го најде ова семејство и да му обезбеди пристоен живот!

Извор Точка
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...