11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПлевнелиев: Иднината на Северна Македонија e во ЕУ, Бугарија не треба да...

Плевнелиев: Иднината на Северна Македонија e во ЕУ, Бугарија не треба да и удира шлаканица

Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак, има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

„Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и да и покажува „црвен картон“ на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата“, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Според него, за поголемо приближување меѓу, како што наведува, двата братски народа, потребна е поголема работа и трпеливост, како и проширување на соработката во сите области.

„Колку грчки инвестиции има во Северна Македонија, а колку бугарски? Треба тоа да го подобриме и наместо да се однесуваме како лажни патриоти и да ги комплицираме работите во последен момент, да му заблагодариме на Бога што премиерот Бојко Борисов и вицепремиерката Екатерина Захариева не го дозволија тоа. Наместо тоа, да помогнеме и да ги зајакнеме активностите во регионот, а особено во Северна Македонија. Еден пат не сме направиле таму, немаме ниту еден саглам граничен премин“, вели Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Целта на Бугарија , како што посочува, не е да освојува нови територии, туку да има мир на Балканот, но тоа не треба да биде на сметка и со манипулација на историјата. Според него, Владата на Северна Македонија треба да биде поддржана затоа што конфликтите на Балканот се во интерес само на Русија и на Србија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...