10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНаса -„ Наскоро ќе откриеме живот на Марс“- Скопјани денес добија ...

Наса -„ Наскоро ќе откриеме живот на Марс“- Скопјани денес добија нови контејнери и опрема за комунална хигиена

Американците се радуваат дека има живот на Марс, ние се радуваме на неколку контејнери…..

Д-р Џим Грин, научник од американската вселенска агенција изјави дека НАСА наскоро ќе открие докази за живот на Марс, но човештвото сѐ уште не е подготвено да го прифати тоа.

Во март 2021 е предвидено на Црвената Планета да бидат испратени два ровера – еден на НАСА и еден на Европската вселенска агенција ЕСА. Една од главните задачи на тие две мисии е потрага по живи организми на површината на планетата.

– Тоа ќе предизвика целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени да ги прифатиме резултатите од сѐ тоа. И, тоа ме загрижува, зашто сметам дека сме многу блиску до објавувањето дека на Марс има живот, изјави д-р Грин.

А, тоа пак, според него, ќе отвори многу други прашања… Дали тој живот во нешто наликува на нашиот? Дали сме поврзани со тие организми? Има ли услови за човечки колонии вон Земјата?

– Нема зошто да се сомневаме дека нема други цивилизации низ Вселената, зашто постојано откриваме егзопланети погодни за појава на живот. Насекаде!, додава научникот.

Македонија денес доби:

Нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри, 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри, 950 корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакумско чистење и десет електрични возила за чистење и миење на јавни површини ќе бидат поставени на територијата на Град Скопје.

Како што појасни градоначалникот на Градот Петре Шилегов, станува збор за контејнери со највисок технолошки стандарт, познат и применет во Европа кои се на електричен погон и воопшто нема да го загадуваат воздухот во градот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...