10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Бугарија не најави дека ќе блокира датум за преговори со ЕУ,...

Пендаровски: Бугарија не најави дека ќе блокира датум за преговори со ЕУ, за понатаму ќе видиме

Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“.

Според Пендаровски, бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите.

„Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе нѐ блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека во оној момент кога ќе ја видиме преговарачката позиција ќе може да кажеме како ние ќе одговориме на тоа.

„Ние не можеме на хипотетска преговарачка рамка да антиципираме што може тие да бараат од нас. Таа е реалноста во ЕУ, тие што се внатре бараат или поставуваат услови за оние што се надвор. Тоа може да дојде и низ заедничката европска позиција. Секоја од земјите членки дава импут, тоа што мисли дека е нејзин национален интерес и тоа на крај нам ни се претставува како кандидат како позиција на ЕУ“, рече Пендаровски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...