14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПотресна приказна на Искра Донева: На седум месеци ме ставиле во инкубатор...

Потресна приказна на Искра Донева: На седум месеци ме ставиле во инкубатор без струја

Имам церебрална парализа од раѓање, родена сум во седмиот месец од бременоста и ставена во инкубатор во кој снемало струја. Главно детството го поминав во операции и рехабилитација. Откако останав да живеам сама, стрмната рампа до влезот и тие 18 мермерни, лизгави и високи СКАЛИ до станот на прв кат ми се најголем предизвик.

Нејзината широка насмевка и топлиот поглед се нешта кои што од прва ќе ве освојат по само неколку минути разговор со Искра Донева. Позната поетеса, хуманитарец, активист. Целебралната парализа која ја има од раѓање ја попречува во секојдневното движење, и искрена е кога вели дека понекогаш се чувствува заробена во својот стан, во зградата без лифт во скопската населба Лисиче. Не сакајќи да го оптоварува семејството премногу често, таа вели дека е среќна што има добри соседи кои секојдневно ѝ помагаат во основните потреби, да излезе од станот и да се симне по скалите за на работа, за прошетка, за средба со пријателите. Родена е во седмиот месец од бременоста и ставена била во инкубатор во кој снемало струја. Уште од тогаш, почнува нејзината борба која трае и денес. И покрај тоа што и сега има силни грчеви и доживеала повреди при движењата, таа не престанала да верува. Дека еден ден ќе има свој дом прилагоден за нејзините потреби, и дека допрва ја чека љубовта на нејзиниот живот. Нејзиниот сон за кој вели дека ќе блесне ако ѝ се оствари е да стане мајка.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...