6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонија„Сите сити“ обезбеди над 400.000 оброци за социјално загрозени граѓани

„Сите сити“ обезбеди над 400.000 оброци за социјално загрозени граѓани

Нашата држава е во високите 10 места во светот по фрлање храна, во услови кога
околу 460.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не можат да си
обезбедат по три оброци дневно. Процените се дека вкупните вишоци храна кај нас
надминуваат 100.000 тони годишно.
Токму овие загрижувачки податоци беа причина во 2018 година организацијата да
започне да го развива системот „Сите сити“, преку која се спасува добрата храна, па
наместо да се фрла, се пренасочува кон оние на кои им е најпотребна.
До денес, преку оваа мрежа се донирани над 100 тони храна, односно над 400.486
порции. Големи количини на квалитетна храна со возило се превзема од различни
бизниси, и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично.

Ова го правиме со соработка на големи фирми кои имаат големо количество на храна, од кои најголеми се „Виталиа“, „Жито леб“, „Витаминка“, „Кола“, а над 30
партнерски граѓански организации ја доставуваат храната до крајните корисници.
Како одличен пример ќе го спомнеме „Жито леб“, од каде редовно од понеделник до
петок храната се дистрибуира до народната кујна во Ѓорче Петров, каде што се
подготвуваат околу 200 оброци.
Дополнително, во рамки на проектот „Оброк за сите“, поддржан од Фондот за
иновации и технолошки развој и Министерството за труд и социјална политика, се
доставува храна за бездомниците во Момин поток коешто се прави секоја среда
изминатиот период, дополнето со поголеми количини кои опслужуваат и други кујни.
Во рамки на проектот се пилотира и модел за дистрибуција на прехранбени пакети до
социјално загрозените граѓани во Скопје, Куманово и Прилеп. А волонтерите на
Црвен крст, двапати во неделата дистрибуираат топол оброк за 10 стари лица до
нивните домови.
Со ова иновативно решение за обебедување и подготвување на оброци за лица во
социјален ризик се прибираат информации кои ќе помогнат за потенцијално
подобрување на дел од постоечките програми за поддршка на социјално загрозените
граѓани со храна.
Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е
финасиран од Фондот за иновации и технолошки развој и планот е понатаму да почне
да се применува низ целата држава.
Целта на „Сите сити“ е значително да го намали бројот на гладни граѓани, кои не
може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, како и да станеме земја во која
добрата храна не се фрла.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...