14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаШекеринска: ''Ние сме веќе во НАТО, сигурно сме дека и народот го...

Шекеринска: ”Ние сме веќе во НАТО, сигурно сме дека и народот го има осетено тоа”

Шекеринска: ”Ние сме веќе во НАТО, сигурно сме дека и народот го има осетено тоа”

Вицепремиерката Радмила Шекеринска објави дека Министерството за одбрана на Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција денеска во Атина го потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор.

„Ние сме веќе НАТО: денеска во Атина со Министерството за национална одбрана на Грција го потпишавме Техничкиот аранжман за надзор на нашиот воздушен простор. Заштитата на небото е ексклузивно право само на земјите членки на НАТО. Одбројуваме до полноправно членство!“, објави министерката за одбрана.

Аранжманот го потпишаа началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на одбраната, генералот Христос Кристодулу и истиот претставува официјализирање на мисијата „Air– policing”, а ќе се реализира во координација со НАТО.

Претходно, Договор за соработка во одбраната беше потпишан од страна на министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, за време на посетата во април годинава на високата владина делегација на Грција на нашата држава.

Инаку, во месец мај со два прелети во воздушниот простор на Република Северна Македонија од страна на воздухоплови Ф-16 на грчката армија, се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air-policing “, со цел проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...