13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗатвор за возачот на автобус во сообраќајката на автопатот Велес- Скопје во...

Затвор за возачот на автобус во сообраќајката на автопатот Велес- Скопје во која загинаа 2 лица, а 25 беа повредени

Затворска казна од три години денеска доби 50-годишниот возач на автобусот „Бус травел – Скопје“, Ацо Николовски, кој на 20 август 2017 година направи сообраќајка во близина на месноста „Пуста Кула“ на автопатот Велес-Скопје.

Во сообраќајната несреќа, од здобиените повреди починале двајца патници, 13 биле тешко повредени, а 12 со телесни повреди. Како што информираат од Основниот суд Велес, Николовски денеска во судница, каде присуствувале дел од повредените патниците во автобусот, им се извинил на патниците за стореното, и го признал делото за кое се товарел „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Според Обвинителството, сообраќајната несреќа на автобусот се случила бидејќи возачот на автобусот не ја држел страната и правецот на движење, не се движел по средината на коловозната лента на која се наоѓал, туку преминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот, удрил во металната заштитна ограда и на левата бочна страна се превртел со автобусот полн со патници при што дошло до несреќата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...