9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПозади убиството кај Смилковско Езеро стои поранешен полицаец и командир на Г.П...

Позади убиството кај Смилковско Езеро стои поранешен полицаец и командир на Г.П Блаце.

Полицаец со инцијали З.Т. на соговорник му кажува дека позади убиството на момчињата и рибарот на Смилковското Езеро стои поранешниот полицаец и командир на ГП Блаце, а сегашен убиец на полицаец, пишува во транскриптот на СМС пораката што денеска ја прочита судијата Осман Шабани на рочиштето за предметот „Монструм”.

Полицаецот на соговорникот му вели дека знаел оти, според него, сомнителното лице, ќе предизвика инциденти со униформирана група за да ја покаже неговата моќ.

– За ова го известив и советникот на претседателот, но и „Радникот”, кој сега не можам да го добијам на телефон, не ми се јавува, вели полицаецот во СМС пораката.

Според него, сомнителниот е во бегство поради убиство на полицаец од специјалните единици.

Таткото на едно од убиените момчиња, по паузата побара од судијата Огнен Ставрев да се обезбеди снимка од собраниска седница кога премиерот Зоран Заев дава одговор на пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за „Монструм”, каде според него, кажал многу важни работи за случајот.

Според него, премиерот кажал дека сите материјали од претходното судење сега се декласифицирани. На прашање на судијата Огнен Ставрев дали тоа нешто ќе помогне, таткото рече дека Заев ќе биде повикан како сведок и во судот да каже.

Ставрев најави дека ќе се обиде да ја обезбеди таа собраниска седница и да се пушти во Судот, по што продолжи со читање на СМС пораки. Судењето продолжува на 10 октомври со читање на преостанатите СМС пораки кои се доказен материјал предложени од Обвинителството.

24 инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...