16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗгасна „ѕвезденото небо“: Желбата на Тоше остана неисполнета

Згасна „ѕвезденото небо“: Желбата на Тоше остана неисполнета

На денешен ден точно пред 12 години на градскиот стадион во Скопје, легендарниот музичар Тоше Проески го одржа својот последен хуманитарен концерт, посветен на училиштата во Македонија.

-Добро вечер Македонијо! Дали сте расположени за уште едно дружење? Едноставно не можам да верувам во колку голем број ве има вечерва. Како минува времето, и како доаѓаат другите концерти се поназад и поназад се повлекуваме со сцената, тоа ми е посебно драго. Се надевам дека на наредниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот на стадионот и се ќе биде преполно. Дозволете ми да ви се заблагодарам вам, затоа што вие сте најзаслужните вечерва за ова што се случува. Денес сте на мое огромно задоволство на мој трет концерт, и посебна чест ми е што е хуманитарен, сите средства кои ќе бидат собрани вечерва од картите се ваша донација за обновување на основните училишта во Македонија. Едно од тие училишта е и ,,Никола Карев” во Крушево, основното училиште каде што учев јас. Драго ми е што новите ќе генерации ќе имаат можност да се школуваат со нови методи и во нова средина, бидејќи школувањето е наша заедничка одговорност – беа зборовите со кои Проески го започна концертот пред преполниот стадион.

Со ,,Игри без граници” го започна тричасовниот настан, не ни насетувајќи ја трагедијата која што се случи само 11 дена по концертот. Настанот се заврши кога Стојан Тренчевски, претставник од фондацијата ,,Мајка Тереза” излезе на бината и на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ и врачи статуетка во знак на благодарност. Исти стауетки добија и колегите на Тоше, Бојан Маровиќ, Антонија Шола, Марија Шестиќ и Адијан Гаџа кои му гостуваа на концертот. На Проески му подари осветена статуа на Мајка Тереза, порачувајќи му дека тој многу дава и осветлува насекаде.

-Горди сме на тебе за сите времиња. Да си жив, и нека оваа светица ти осветлува патот- рече Тренчевски.

Откако ја зеде статуата, Тоше пред публиката кажа дека наградата им припаѓа на неговите родители, кои му ја всадиле хуманоста, по што истата и ја даде на неговата мајка.

За жал желбата секоја година да се собираме во што е можно поголем број оваа година како и претходната не се исполни. Минатата година се одржа голем концерт во сегашната арена А1, на која се промовираше последниот постхумен албум „Secret place“, иако и тој не беше на 5 октомври како што првично беше предвидено, туку на 2 ноември.

Извор: Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...