9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе има ли правда за дедо Љубе?- Старецот кој пукаше во крадци...

Ќе има ли правда за дедо Љубе?- Старецот кој пукаше во крадци да си ја заштити својата сопруга. (ВИДЕО)

Затворен на слобода. Вака најдобро може да се опишат изминативе шест години од животот на Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, кој за да ги заштити својот и животот на сопругата Царка пукаше во двајца натрапници во неговиот дом и уби еден од нив.

Шест години трае неговата битка да докаже дека не е виновен што кобната ноќ на 27 феврури 2013 година во неговата трошна куќа провалиле Зоран Златков и Борчо Иванов, кои во намера да ги ограбат со часови се изживувале врз двајцата старци. Шест години дедо Љубе се обидува да докаже дека оружјето што го имал му останало од татко му и било неопходно во дивината за да се одбрани од шумските ѕверки, но и од „нелуѓето“.

А тоа му е јасно на секого кој дошол кај дедо Љубе, на кого првите соседи му се одалечени со километри, а до каде може да се стигне само со џип, или да се оди два часа по планината. Шест години дедо Љубе редовно доаѓа во кумановскиот суд каде деновиве треба да биде донесена пресуда за неговиот случај. Прва, и како што сите се надеваат, ослободителна.

24 Инфо

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...