16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКога ќе влеземе во Европа има да се радувате како мало дете...

Кога ќе влеземе во Европа има да се радувате како мало дете на чоколадо.

Премиерот Зоран Заев заедно со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров дадоа интервју за два германски весника каде потенцираат дека од голема важност е Македонија да влезе во ЕУ, односно да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година, пренесува „Дојче веле“.
Весникот Ханделсблат пишува дека премиерот Зоран Заев е голем оптимист дека Македонија ќе добие позитивна одлука.

Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија. Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјат, вели Заев за Ханделсблат.

Весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг објави и репортажа од гостувањето на премиерот Зоран Заев на дебатата во австрискиот Вахау за време на викендот.

„Канцеларката за мене е охрабрување. Но разбирам дека одлуката за почеток на пристапните преговори е во рацете на Бундестагот. Почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе биде дополнителна мотивација за Србија и Косово да ги продолжат преговорите за надминување на спорот. Национализмот и популизмот, не само во мојата земја, туку и во целиот регион, можат повторно да избувнат“, вели македонскиот премиер,пренесува Дојче Веле.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...