5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКуќите што ги подари Жан Митрев пред 4 години се срушија.

Куќите што ги подари Жан Митрев пред 4 години се срушија.

Пред точно четири години, кардиохирургот Жан Митрев на својот роден град Штип му подари четири куќи во Штипско Ново Село, кое е прогласено за заштитено културно наследство. Но, денес од старите куќи се останати само срушените греди и покриви. Нивна, автентична реставрација ќе мора да се прави само од зачуваните фотографии на куќите кои датираат од 17. и 18. век.

Се започнало пред десетина години кога Митрев шетајќи низ Штипско Ново Село ги видел старите дотраени и напуштени куќи. Неколку години подоцна тој решил да купи четири од нив со цел да ги обнови во архитектонски стил во каков што биле со векови. За четирите куќи, сопственост на старите штипски семејства Зрнцеви, Смиљанови и Личкови, тој платил 100.000 евра и на свој трошок го планирал и нивното обновување.

Додека се чека локална власт да ги обнови куќите, тие една по друга почнаа да паѓаат (Фото: СДК.МК)

Меѓутоа, од разни и неразбирливи причини, неколку години Митрев не ги добиваше потребните дозволи, па решил купените куќи да ги подари на својот роден град. Договорот со Општина Штип бил склучен на 5 октомври 2015.

Тогашната локална власт најави дека планира целосно да ги реставрира и прилагоди куќите на автентичната урбана и стара архитектура на Ново Село и целиот комплекс да биде област со повеќе историски обележја. Но, и тие планови пропаднаа откако на претходната власт ѝ помина мандатот.

Жителите на Ново Село долги години реагираат и апелираат локалната самоуправа и државата да преземат мерки за целосна реставрација на населбата, затоа што сега повеќето куќи се напуштени и пред распаѓање.

„Пред дваесетина години бев принуден сам и со сопствени средства да ја обновам нашата стара семејна куќа. Извршив внатрешна и фасадна реставрација и мислам дека куќата мошне автентично е обновена, каква што била во 1825 година кога е изградена. Надлежните ми најдоа само забелешка дека фасадата требало да биде со мазна подлога. Јас сега ја отстапувам куќата на државата, ако сака да ги направи тие корекции“, вели докторот Трајче Станчев.

Неговите соседи велат дека таканаречената куќа на Делипетрови била реставрирана пред неколку години од Министерството за култура. Пред повеќе од 30 години биле реставрирани и куќата каде што престојувал Гоце Делчев и неколку други, но над 100 се стари и необновени.

Во списокот на културното наследство има над 1.200 објекти, од кои 60 се во Штип. Од нив, 13 се на главната улица Крсте Мисирков во Ново Село, меѓу кои се наоѓаат и веќе паднатите куќи на Зрнцеви и Смиљанови, што Жан Митрев ги купи, па ги подари на Општината.

Сегашната локална самоуправа пред две години кога дојде на власт најави дека ќе се преземат сите мерки подарокот од Митрев да се преточи во дело. Но, во јануари оваа година, по еден пороен дожд, се сруши една, а потоа и две други куќи. Остана само куќата на Личкови, но и таа пред паѓање.

„Беше потребно време за да се изготват соодветни проект и документација за изградба на куќите. Сериозна проектантска куќа изработи техничка документација, за што потрошивме 350.000 денари. Во меѓувреме, со Митрев го решивме и проблемот со земјиштето под објектите. Аплициравме до ЕУ, но оттаму добивме одговор дека во овој момент немаат слободни средства за такви инвестиции. Сепак, Општината продолжува да аплицира насекаде“, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Т. ЈОВАНОВСКИ

извор СДК.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...