10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 утре дава исказ, а Катица Јанева уште се мислела дали...

Боки 13 утре дава исказ, а Катица Јанева уште се мислела дали да даде…

Бојан Јовановски утре ќе дава исказ за случајот „Рекет“, Катица Јанева се уште се двоуми. Точно на пладне Јовановски треба да биде спроведен од Шутка и како осомничен да биде испрашан за аферата во која му се ставаат на товар делата перење пари и примање награда за противзаконито влијание.

На поранешната специјална обвинителка пак и остануваат уште три дена за да одлучи како ќе се брани. И денеска адвокатите велат дека не им предложила спогодба со обвинителството, во случај да признае вина. Неизвесно е дали како осомничена ќе проговори пред обвинителката и нејзина колешка Вилма Русковска.

„На 25-ти септември добивме решение за завршена истрага, така што на 10-ти сега истекува рокот за доставување докази и евентуален исказ. Се уште немаме насоки од нашата клиентка а и не можеме да споделуваме детали со јавноста во овој момент.“ – вели Дељо Кадиев, адвокат.

Јанева чека и судска одлука по поднесената жалба да излезе од притвор со гаранцијата од три стана. Од друга страна обвинителството е се поблиску до роковите за поднесување на обвинение, доколку во меѓувреме некој од тројцата осомничени не направи спогодба.

Обвинителството паралелно со истрагата за Рекет истражува и кој е кртот кој ги изнесува документите во овој случај. Минатата недела еден од адвокатите во овој случај телефонски добил понуда за пари да го добие исказот на Зоран Милевски Кичеец. Засега само Кичеец е пуштен во домашен притвор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...