7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаЕстрадаЗапознајте ја Бугарката Gabby G, која ги воодушеви Скопјани со песна на...

Запознајте ја Бугарката Gabby G, која ги воодушеви Скопјани со песна на Тоше Проески

spot_imgspot_img

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, „One Love Tour“ 2019, по трет пат минатиот викенд се одржа во Скопје и го донесе најдоброто од двете држави за сите генерации.

На настанот зеде учество и една млада девојка од Бугарија, која ги освои срцата и ја расплака многубројната публика на One Love Tour на плоштадот Мајка Тереза во Скопје, каде се собраа едни од најпознатите македонски и бугарски изведувачи.

Вистински музички бран и еуфорија се разлеа на плоштадот во главниот град, а покрај сите изведувачи не остана не заприметена младата петнаесетгодишна Поп и РНБ пејачка позната како Gabby G. која успеа да ја придобие македонската публика со изведбата на “Громови на душа” на ѕвездата Тоше Проески. Едни 3 минути, кои ја покажаа силата на љубовта меѓу двата народа… три минути, кои беа посветени на Тоше.

Кариерата на Gabby G започнува во еден мал град во северна Бугарија. Како и секое дете, кое што се занимава со музика, се насочува кон стотиците музичи аудиции во Бугарија и надвор од неа, каде се здобива со доста награди. Но тоа се покажува недоволно за неа па снима редица кавери на популарни бугарски и меѓународни изведувачи и за помалку од една година станува најуспешниот кавер изведувач во Бугарија, за видеото и песната победник од Евровизија 2018 (“Toy” на Netta Barzilai) собира блиску 2.5 милиони прегледи на Јутјуб. Понатаму на само 15 години таа дебитира на бугарскиот музички поп пазар, каде наидува на исклучително голем интерес. Почетокот на летото оваа година таа го промовираше нејзиното првенче “Краен Срок”, кое е дело на македонскиот продуцент и композитор Јорданчо Василковски – Оцко и шведскиот хитмејкер Јохан Бејерхоум, кој е автор на едни од најголемите хитови на Араш.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...