13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВо болницата во Охрид започнува двојно читање на мамографски слики за рана...

Во болницата во Охрид започнува двојно читање на мамографски слики за рана детекција на рак на дојка

Болницата во Охрид е меѓу институциите во кои Министерството за здравство првпат од функционирањето на мамографски скрининг воведува значајна новина за двојно читање на мамографските слики, со што мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози.

Овој начин на работење е воведен во шест центри во земјата, односно во трите мамографски центри во Скопје – ГОБ „8 Септември“, Институт за радиологија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (стара градска), како и во болниците во Охрид, Тетово и Прилеп за што е направена надградба на националниот електронски систем „Мој термин“. Оваа новина е воведена со цел максимално да се зголеми бројот на лица заболени во рана фаза од болеста.

Токму месец октомври е месец за превенција од рак на дојка, за таа цел потсетуваме да направите самопреглед на дојка, да закажете ЕХО на дојка преку вашиот матичен лекар, а доколку сте на возраст од 50 до 69 години, јавете се на бесплатниот телефон 0800 15 444 и закажете мамографски преглед.

Извор:ОхридПрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...