7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија''Дали во понеделник ќе биде избришан Гоце Делчев од историјата'': Заев во...

”Дали во понеделник ќе биде избришан Гоце Делчев од историјата”: Заев во понеделник ќе се сретне со македонските историчари

spot_imgspot_img

Македонскиот премиер Зоран Заев во понеделник ќе се состане со македонските историчари од мешовитиот комитет на експерти кој треба да најде заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија. Ова го потврди шефот на македонската Влада во заедничката изјава за медиумите со премиерот на Словенија, Марјан Шарец.

Во моментов жешки теми се идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието отксако последната средба на историчарите во септември беше оценета како неуспешна.

– Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата, која пак на 15 октомври ќе има средба во рамки на комитетот. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации, рече Заев.

Седмиот по ред состанок кој се одржа во Софија од двете страни беше квалификуван како најбесполезен и најнеспокоен до сега. Ден по средбата, предводникот на македонскиот тим Драги Ѓеоргиев рече дека таа поминала во тензична атмосфера, а клучен камен на сопнување бил средниот век и поимите кои ги користат бугарските историчари во нивните учебници за територијата на земјава.

Државниот врв, Вадата и Собранието на Бугарија одлучи да и даде поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со поставени „црвени линии“ кои ќе треба да се реализираат во текот на отворањето на поглавјата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...