4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЕВЕ СО ШТО НЕ ТРУЈАТ: ВО УВЕЗЕНО СВИНСКО МЕСО ОД ШПАНИЈА ОТКРИЕН...

ЕВЕ СО ШТО НЕ ТРУЈАТ: ВО УВЕЗЕНО СВИНСКО МЕСО ОД ШПАНИЈА ОТКРИЕН ВИРУСОТ АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА

Агенцијата за храна и ветеринарство во пратка по потекло од Шпанија утврди присуство на вирусот африканска свинска чума. Пратката е во вкупна тежина од 21 тон и 312 килограми. Не претставува опасност, бидејќи воопшто не е пуштена во промет, веднаш е земена мостра, испитана е и денеска со сите преземени биосигурносни мерки ќе биде уништена.

Ова денеска го изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, кој рече дека пратката по потекло од Шпанија, е внесена во регион во Бугарија, кој е слободен и оттаму преку граничниот премин Деве Баир е влезена во Република Македонија и е откриена при спроведувањето превентивна мерка земање примероци од секоја пратка од животинско потекло поточно која потекнува од свинско месо од земјите во кои веќе е прогласена болеста африканска свинска чума и слободните региони кои ја имаат прогласено.

Атанасов посочи дека за пратката ќе ја известат Светската здравствена организација за заштита на животните, како и Европската унија.

– Продолжуваат превентивните мерки кои Агенцијата ги спроведува на терен. Апелираме до граѓаните да не внесуваат производи од животинско потекло во државата, особено од земјите каде е прогласена болеста африканска свинска чума. Продолжуваат мерките да се забрани чувањето на отворено на свињите во државата, како и мерката на депопулација во оние биоодгледувалишта кои немаат основни биосигурносни мерки. Продолжува отстрелот на дивата свиња, тој ќе се интензивира од утре, бидејќи и официјално секоја година традиционално на 11 октомври почнува отстрелот на диви свињи, додаде Атанасов

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...