4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаЕстрадаСе огласи таткото на Кајмакоски: Даниел е добро дете од патриотско семејство,...

Се огласи таткото на Кајмакоски: Даниел е добро дете од патриотско семејство, тој никогаш не би направил двоглав орел

Павле Кајмакоски деновиве гостуваше во студиото на ИН Продукција, каде што промовираше две нови песни. Станува збор за една македонска патриотска песна која носи наслов “Александар Цар македонски” и една песна со печалбарска тематика “Покрај тебе да остариме”.

Но, меѓудругото тој во разговорот ги искоментира и последните гласини околу неговиот син, познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски и вели дека сето тоа што се пишува овие денови е голема новинарска игра. Еве што изјави таткото на Даниел за гледачите на ИН ТВ.

-Еве ќе ви кажам искрено. Даниел потекнува од едно големо патриотско семејство. Од прадедо е тоа семејство патриотски настроено, не само јас и татко ми или Даниел.

Значи, да повторам, од пра-пра дедо сме биле патриоти и верувам дека ова е една голема новинарска игра да биде срушено достоинството на Даниел или да се намали неговата репутација баш на шоуто “Твоето лице звучи познато”.-објаснува Павле, при интервјуто за ИН ТВ.

Тој апелира до медиумите да не пласираат невистини за неговиот син, со цел да добијат поголема читаност.

-Јас би ја искористил оваа прилика да ги замолам таквите медиуми, има многу начини како би можеле да се заработат пари и да бидат читани нивните медиуми. Дали весници или телевизии да бидат гледани.

Нека најдат друг начин, а не да го омаловажуваат некого кој баш напротив и не е таков, воопшто. За Даниел гарантирам јас дека не е таков и тоа со сигурност не е намерно направено.-додава Кајмакоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...