8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаЕстрадаМакедончето е со слабо помнење: Ја заборавија химната, па цела сала...

Македончето е со слабо помнење: Ја заборавија химната, па цела сала пееше заедно со Тамара на „Макфест“, а таа со солзи во очите!

spot_imgspot_img

Поп пејачката Тамара Тодевска настапи вчеравечер на „Макфест“ во ревијалниот дел. Таа направи вистинска забава за публиката која во еден глас пееше со неа. Публиката со дочека со аплауз, иако изминатиов период Тамара беше во центарот на вниманието откако не отпеа дел од химната на Македонија во Американската амбасада.

Работата отиде дотаму што таа ги откажа концертот во Охрид и настапот на Пиво фест. Сепак, откако се повлече од јавноста сега повторно се врати на сцената. Овој пат во Домот на култура во Штип, целата сала заедно со Тамра во еден глас ги пееше евровизиската „Praud“, но и „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“. Ги изведе заедно со Роберт Билбилов кој ја придружуваше на клавијатура.

„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема?, и одговорив. Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија, напиша Тамара.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...