7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаАвстралијаАвстралиец поминал 19 години во затвор, сега доби 4,8 милиони долари

Австралиец поминал 19 години во затвор, сега доби 4,8 милиони долари

74-годишниот Дејвид Истман, кој поминал 19 години невин во затвор за убиство на полицаец, од Австралија доби 4,8 милиони долари отштета, јави Би-би-си.

Истман бил осуден на доживотен затвор во 1995 година, поради пресуда дека шест години претходно го убил Колин Винчестер, припадник на австралиската федерална полиција.

По низа жалби, одлучено е дека немал фер прво судење и во повторното судење од минатата година е прогласен за невин. Убиството на Винчестер останува нерешено.

Истман на суд рече дека немал можност да создаде семејство или кариера затоа што бил затворен. И додека бил во затвор, неговата мајка и двајцата помлади браќа починале.

„Тој изгуби значаен дел од животот“, рече неговиот адвокат, Сем Тиерни.

Винчестер бил застрелан двапати во главата пред семејниот дом во Канбера, а Истман, кој во тоа време работел како државен службеник, е осомничен за убиството, бидејќи претходно му се заканувал на убиениот.

По неговото апсење, Истман поминал 19 години во затвор и повеќепати неуспешно се жалел – 1999, 2000, 2001, 2005 и 2008 година.

Но, последниот пат, во 2014 година, судот му ја одобри жалбата и донесе пресуда дека Истман претрпел огромна неправда заради користење на погрешни докази за време на судењето.

Второто судење одржано минатата година, во кое учествувале повеќе од 100 сведоци, довеле до тоа Истман да биде ослободен.

Тој потоа го поднесе своето барање за надомест на оштета.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...

Македонската јавност се сеќава на случајот со малата Билјана Србиновска, чие тело исто така беше пронајдено во село Бразда, пред околу 33 години.

Македонската јавност се сеќава на случајот со малата Билјана Србиновска, чие тело исто така беше пронајдено во село Бразда, пред околу 33 години. До...