13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗАЕВ: ИМ СЕ КИНЕ СРЦЕТО НА НЕКОИ ЛУЃЕ ЗАРАДИ ТОА ШТО СМЕ...

ЗАЕВ: ИМ СЕ КИНЕ СРЦЕТО НА НЕКОИ ЛУЃЕ ЗАРАДИ ТОА ШТО СМЕ ВО НАТО И ЕВРОПА (ВИДЕО)

Им се кине срцето на некои луѓе заради тоа што ќе добиеме датум за почеток на преговорите после 15 години. Ги боли душата заради тоа што сме веќе членка на НАТО, секако месеци се во прашање и од петни жили се обидуваат да конструираат сценарија и лаги, и еве вака да реагираат заради тоа што државата оди напред.

Ова го изјави премиерот на РСМ, Зоран Заев од Битола на новинарско прашање, а во однос на група луѓе кои изразија незадоволство поради присуството негово и министрите во градот,каде се одржува владина седница.

„Мое останува да ги повикам, ова е успех заеднички на сите. Следуваат убави денови за нашата земја. Навистина сме на правиот пат и како општество и верувам дека заслугата не е само на оваа Влада, туку од самостојноста на нашата земја, ова се две стратешки цели коишто ги исполнуваме, коишто еве во предвечерието на нивното исполнување бележиме раст од 3,6%, имаме раст на индустријата од 9,8%, пад на невработеноста до 17,5% за неполни две години, повеќе од 6% е падната невработеноста, 54,000 народ нов се вработени, се реализираат мал милион проекти. Денеска ќе разговараме за целиот овој пелагониски, битолски регион овде во коешто живее огромен процент од нашето население. Ако бидеме заедно верувам дека ќе ги мултиплицираме сите овие ефекти“, додаде Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...