9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОТВОРЕНИ СЕ И ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ДОНАЦИИ Малата Сандра вчера е оперирана...

ОТВОРЕНИ СЕ И ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ДОНАЦИИ Малата Сандра вчера е оперирана од тумор, собрани се 12.000 евра, но потребни ѝ се пари за хемотерапии

Операцијата на малата Сандра Ангеловска која боледува од тумор и за која се собираа донации е направена. Член на нејзиното семејство ни потврди дека девојчето е оперирано вчера и дека во моментов се следи нејзината состојба во болницата „Атлас” во Белград. Операцијата траела три часа и поминала добро, но на Сандра и се потребни пари за хемотерапиите кои ќе ги прави во иднина.

Извршувањето на хируршката интервенција за болеста на девојчето од Крива Паланка значи дека се собрани донации во износ од 12.000 евра кој семејството претходно ги бараше.

За во иднина на 13 годишната Сандра и се потребни пари за хемотерапиите кои ќе и требаат за да закрепне и да ја победи болеста.

Сумата која ќе биде потребна за хемотерапии, лекарите од Белград ќе треба на семејството дополнително да му ја соопштат.

Во моментов се отворени телефонски линии за донации на кои може да се донираат пари за оздравувањето на малата Сандра.

Број за донации од оператор A1 за Сандра е 143 479 и на операторот Телеком , 070/143-102 

Број на сметка 200 – 0022909374 – 56 Стопанска Банка

На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005

Семејството се заблагодарува на сите кои донираа за операцијата на девојчето и апелираат за донации за хемотерапиите на Сандра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...