6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСамо од рекет не се живее -Фросина Ременски си прави ајвар.

Само од рекет не се живее -Фросина Ременски си прави ајвар.

Фросина Ременски е осомничениот фунцкционер во аферата „Рекет“,.

За неа, обвинителствотопо побара мерка на претпазливост.

Според, официјалното соопштение од обвинителството, осомниченото лице како функционер, одело на состаноци со првоосомничениот Бојан Јовановски.

„Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, соопштија од обвинителството.

Но покрај Рекетот Фрики не ги запоставува домашните обврски…

“Браво за вредната домаќинка, а пивцето за разладување….“, вака некако ѝ искоментирале нејзините пријатели кога Фросина објави фотографија на која е покрај црвени пиперки кои се печат на ќумбе. Ременски честопати знае на својот профил да се истакне со причина и со друг зеленчук од својата бавча или од пазарче. Пред некое време се пофали и со домашно подготвен доматен сос, кај народот познат како салца, а исто така се пофали и со еден подготвен малешевски специјалитет. Инаку, ајварот води потекло токму од Македонија, а тоа Фросина добро го знае, па затоа во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) ги пече, а потоа ги става во пластични кеси за да набабрат, зашто на овој начин полесно се лупат. На крај следува токму тоа – внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките, а собирањето да е во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, се мелат и пржат на тивок оган. На крај добиваме многу вкусен домашен македонски ајвар со кој израснале многу генерации, специјалитет од кој странците прстите си ги лижат, а по некоја тегла задолжително и дома ќе си понесат.

Д.М.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...