8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСИТЕ КОИ ПРОДАВААТ НА ИНТЕРНЕТ И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ А НЕ ИЗДАВААТ...

СИТЕ КОИ ПРОДАВААТ НА ИНТЕРНЕТ И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ А НЕ ИЗДАВААТ ФИСКАЛНИ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

spot_imgspot_img

Министерството за финансии во соработка со Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финаисиската полиција најавува засилени активности во борбата против нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Се најавуваат засилени контроли на оние поединци кои не се регистрирани во системот, подготвување на конкретен акциски план, како и изработка на платформа каде ќе се пријавуваат нерегистрираните продавачи.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, потребна е взаемна соработка на сите засегати страни со цел да се сузбие сивата економија во овој сектор и да се заштитат институциите, реалниот сектор и купувачите.

– Ќе формираме работна група затоа што од една страна производите влегуваат на пазарот, од друга страна има некој кој ги продава овие производи на социјалните мрежи, а од трета страна го имаме купувачот кој ги купува производите, а за тоа не добива фискална сметка. На крајот се сведува на тоа купувачот, кој не е задоволен, да поднесе жалба до Државниот пазарен инспекторат, кој не може да реагира, бидејќи нема фискална сметка. Мораме и на крајните потрошувачи да им обратиме внимание да внимаваат од каде порачуваат, за сите заедно да ги заштитиме и купувачите, и институциите и да му помогнеме на реалниот сектор, изјави Ангеловска по денешната тркалезна маса за сузбивање на даночната евазија во е-трговијата.

Наскоро, како што најави таа, се очекува да биде поставен и скенер во Поштата за да може сите пратки кои пристигнуваат да не зависат само од мануелната проверка на поединци.

И од Управата за јавни приходи велат дека постојано вршат засилени контроли, а од финансиската полиција посочуваат дека постапувале во вакви случаи.

Според податоците на Народна банка, во земјава има околу 960 регистрирани електронски трговци, но нема точни податоци за бројот на нерегистрирани е-трговци кои нудат и продаваат производи преку социјалните мрежи. Генерално, сивата економија во земјата е околу 30 проценти, а во овој процент влегува и нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Електронската трговија станува се поприсутна кај нас. Податоците на Асоцијацијата за електронска трговија покажуваат дека минатата година за 26 проценти пораснал обемот на плаќање со картички на електронски продавници односно оти тој во првото полугодие од годината изнесува 86 милиони евра.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...