16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Се што ветив ќе исполнам- Минималната плата се зголемува на 14.500...

Заев: Се што ветив ќе исполнам- Минималната плата се зголемува на 14.500 денари

Минималната плата од декември се покачува на 14 500 денари. Владините претставници постигнаа договор со синдикатите, стопанските комори и работодавачите за раст на минималецот од две илјади денари, кој власта го опиша како историски најголем досега. Од владата велат компаниите нема да ги остават сами – помош ќе им бидат субвенциите за раст на платите, кои ќе бидат достапни од ноември.

– „Не е тоа нешто со кое што ние правиме притисок врз компаниите, напротив, ние се обидуваме нив да им помогнеме со две мерки, субвенционирање на придонесите и воедно преку законот за финансиска поддршка.” – Кочо Анѓушев – вицепремиер за економски прашања.

– „Ако тие покачат 2000 денари во ноемвриска плата со ипслата во декември, тие ја покачиле минималната плата а ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата, значи една со друга се комплементарни мерките, но не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата со субвенции, некој ќе ја покачи без да користи субвенција. – Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика.

Дека растот на минималецот може да стави клуч на помалите фирми, претходно алармираше и Организацијата на работодавачи. Сепак, веруваат дека субвенциите ќе бидат од помош, а за работниците велат ќе се најде место во поуспешните компании.

– „Мислам дека пазарот ќе успее евентуалните затворања на овие помали компании кои не работат директно со клиентите, туку преку втора трета рака земаат работа и дека тие ќе се вработат во оние конфекции кои ќе обезбедат поголема продуктивност, подобри услови за работа, почитвање на работнички права и ќе можат да ги прифатат тие евентуално луѓе кои би останале без работа.” – Ангел Димитров – Организацијa на работодавачи на Македонија.

Од Сојузот на синдикатите пак, побараа сразмерно покачување на платите во сите сектори и примена на колективните договори.

– „Eве го подобруваме стандардот за работниците кои што се со најниски плати, но мора да мислиме и на другите работници кои се на повисоки нивоа, и затоа бараме сразмерно покачување на платите преку примена на колективните договори на ниво на гранка и сектор.” – Дарко Димовски – ССМ.

Поддршка на зголемување на минималната плата дадоа и стопанските комори, но посочија дека неопходни се сет мерки за зголемување на продуктивноста на фирмите. Забелешки за тоа, пред неколку дена стасаа и од Светска банка, која порача дека со зголемување на минималецот без мерки економијата на среден рок ќе се соочи со дополнително намалување на продуктивноста.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...