21.9 C
Ohrid
вторник, јуни 24, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејството на Тоше им подари подароци на учесниците во ултрамаратонот од Нова...

Семејството на Тоше им подари подароци на учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Крушево денеска ќе бидат пречекани учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

<

Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше на Гумење.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Семејството на Тоше Проески обезбеди и подароци за маратонците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во чест на Фросина Кулакова, „Изет Цури“ ќе доделува стипендија за студирање мода

Во чест на Фросина Кулакова, талентирана студентка по моден дизајн која трагично го загуби животот во сообраќајка предизвикана од несовесен возач, Меѓународниот институт за...

Цените на горивата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите...

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...