14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев до ЕУ: Доколку нема датум за преговори губите вие.

Заев до ЕУ: Доколку нема датум за преговори губите вие.

„Работевме многу и спремни сме за соочување со сите предизвици што ги носи процесот. Немојте да ни ги гасите светлечките звезди!“, со овие зборови, премиерот Зоран Заев им се обрати на лидерите на земјите членки на Европската Унија кои утре и задутре треба да одлучат за датум за преговори за нашата земја.

Заев ги истакна последиците од евентуалното одлужување, а меѓу најопасните ги спомна спроведувањето на Преспанскиот договор, довербата на нашите граѓани кон ЕУ и оставањето простор за регресивните сили и третите страни во регионот.

“Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти. Ќе има високо ниво на разочарување кај граѓаните и меѓу членовите во Парламентот кои го поддржаа Преспанскиот договор. Да не заборавиме дека спроведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањето на поглавјата за Европската Унија. Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекуваната и заслужената позитивна одлука тогаш кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани кон Унијата може да бидат ставени впод знак прашалник. Ова со сигурност ќе ги поттикне регресивните сили во земјата и ќе го зајакне интересот на третите страни во регионот. Ако ЕУ покаже отсуство на волја или слабост за Западен Балкан, тогаш третите страни ќе го пополнат вакуумот”, изјави Заев.

А. Зеќири

цивил медиа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...