13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството на Тоше им подари подароци на учесниците во ултрамаратонот од Нова...

Семејството на Тоше им подари подароци на учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево

Во Крушево денеска ќе бидат пречекани учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески. На 16 октомври 2007 година Тоше Проески го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше на Гумење.

Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.

Семејството на Тоше Проески обезбеди и подароци за маратонците.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...