17.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаТолку беше од бизнисот: Богдан Дамјановски се повлече од купување на телевизијата...

Толку беше од бизнисот: Богдан Дамјановски се повлече од купување на телевизијата на Боки 13

Мистериозниот инвеститор што сакаше да ја купува „1ТВ“, експресно се премисли. Посредникот Богдан Дамјановски за кој денеска оддекна информацијата дека потпишал интерен договор за купување на телевизијата во име на Србин кој живеел во Холандија, во нова изјава за медиумите вели дека инвеститорот сепак одлучил да се повлече.

Причината биле енормните долгови од затаените даноци на „1ТВ“. Првичната сума во договорот била помала, но „скокнала“ на 400.000 евра поради блокираната сметка во УЈП – понуда која за инвеститорот станала непримамлива.

Кој и зошто се заинтересира да ја „заживее“ 1ТВ останува енигма. Без разлика на епилогот, остана неразјаснета дилемата зошто некој би сакал да купи медиум затрупан во долгови и со минимални технички средства, при тоа, со нарушен креидбилитет поради коруптивните скандали предизвикани од сопствениците и директорите.. Во јавноста веќе се појавија сомнежи дека на ваков начин некој се обидува да го анулира долгот кон државата и така да ја ублажи евентуалната казна за инволвираните во аферата „Рекет“.

Телевизијата последните неколку недели, по нарачка на потенцијалнито купувач, повторно зрачи во етерот, но нема никаква жива програма…

За Канал 5 од АВМУ велат дека веќе разгледуваат опциија за одземање на лиценцата..

„Во насока на обезбедување релевантни материјални докази за исполнување на условите за одземање на дозволата, во тек се активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува посебните минимални просторни и кадровски услови и дали го исполнува програмскиот концепт за кој е доделена дозволата. Истовремено, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија.“

Информацијата дека има потенцијален купувач на телевизијата ја сподели УЈП вчера..

Од УЈП брифираа дека утврдиле бројни недоследности во работењето на телевизијата, но дека засега немаат основ да поднесат кривична пријава. Даночните инспектори пресметале дека телевизијата има неплатен данок во висина од над 350.000 евра.“
kanal5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...

Пендаровски: За мене сите се еднакви во Македонија.

За мене сите се еднакви во Македонија вели претседателот Стево Пендароваки. Денеска во Ранковце си подадовме рака со активистите на ВМРО-ДПМНЕ и на противкандидатката...

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...