13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарија не попушта: Мора да ни го дадете Гоце Делчев или нема...

Бугарија не попушта: Мора да ни го дадете Гоце Делчев или нема во ЕУ.

Бугарските војници биле ослободители а не окупатори порача Красимир Каракачанов бугарски вицепремиер и министер за одбрана. Тој реагираше по неуспешните преговори не мешовитата комисија во однос на прашањата за Гоце Делчев и забелешките за учебниците по историја. Каракачанов порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа би требало да го празнува 20 април 1941 година. Според него тоа е денот за како што вели целиот народ со леб и сол и биење на камбаните ги пречекувал бугарските војници.

–Не го празнуваат денот во којшто ги ослободивме од српското ропство, кои им ги беа смениле имињата, забрануваа да се нарекуваат Бугари, па и Македонци, ги превртуваа плочите на нивните татковци, за да не се гледа дека пишува на бугарски. Ги нарекуваа Јужни Срби, ги убиваа со митралези. Е тоа тие го заборавија – дека доаѓа бугарската армија во 41-ва година и ги ослободува, вели Красмир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија.

Каракачанов се закани дека никогаш нема да ја компромитира историјата на Бугарија и порача доколку не се решат отворените прашања, Македонија ќе остане да чека во ходникот на ЕУ.

Дека бугарски фашисти немало порача и археологот Никола Овчаров од Бугарија. ТОј реагираше на наводите од писмото кое македонските интелектуалци го испратија до Брисел и побараа од ЕУ да возврати на уцените и лагите од Бугарија. Археологот ги повика научниците од Бугарија да возвратат и оцени дека реакциите во писмото се напад и тоа за прашања за кои според него не постои начин Бугарија да се повлече.

Тврдоглаво клише е дека одредени историски личности се Македонци, додека Бугарите се етикетата што им се држи. Цар Самоил ја прифати титулата крал на Бугарија само за да се легитимира пред целиот свет. Истото се случува и сега со Гоце Делчев.

Мешовитиот комитет за историски прашања треба да биде на поширока основа смета Овчаров и порача Бугарија да не остапува од црвените линии кои се усвоени со декларацијата во Парламентот. За македонскиот јазик кој во писмото се наведува дека е реалност која ја зборуваат повеќе од 3 милиони, Овчарев смета дека ваквата теза можел секој филолог да ја побие.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...