8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДЕЧКИ: ИМАМЕ ДАТУМ ЗА ДИНО МЕРЛИН

ДЕЧКИ: ИМАМЕ ДАТУМ ЗА ДИНО МЕРЛИН

Дино Мерлин, босанскиот пејач, ќе настапува на скопскиот Плоштад Македонија за дочекот на Нова Година. Ова денеска го соопштија градоначалникот Шилегов и самиот Мерлин на прес-конференција.

„Малку се ѕвезди на Балканот, а Дино е една од нив. Уште во април го договоривме настанот и очекувам голем број посетители не само од земјава. Најавата е волку рано токму поради тоа, бидејќи сметаме дека така љубителите на Дино од регионот ќе можат навреме да го испланираат дочекот на Нова година“, рече Шилегов.

Мерлин рече дека очекува многу публика, и заедно со него да ја прослават Новата година на Плоштадот.

„Градоначалникот беше толку упорен и одлучен да ме донесе во Скопје, што не можев да го одбијам. Најавувам концерт кој ќе биде многу поинаков од моите досега во Скопје. Чест ми е што ќе бидам во Скопје за Нова година“, рече Мерлин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...