10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветГо нападнаа Ципрас во авион: „Го дозволи името Северна Македонија и ни...

Го нападнаа Ципрас во авион: „Го дозволи името Северна Македонија и ни ја уништи државата!“

Двајцата биле во ист авион, а таа ја искористила можноста сè да му каже во лице. Една Гркинка во текот на авионскиот лет видела дека со неа патува поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас па ја искористила можноста да му каже што мисли за него и неговото владеење.

Додек тој мирно седел на седиштето, жената му пришла и вербално го нападнала поради тоа што за време на неговата власт ја дозволи промената на името на нашата држава.

„Ова ќе ви го кажам како адвокат. Се смеете, се шетате слободно, а местото ви е во затвор. Набрзо ќе бидете таму. Ни ја уништивте земјата, нас нè нарековте насилници и фашисти, вие сте најголемиот фашист и предавник на оваа земја“ – му рекла жената на Ципрас.

Набрзо на жената ѝ рекле дека е доволно тоа што го кажала и ја замолиле да се повлече, но таа продолжила со нејзините осудувања.

„Не разбирам. Ми ја предаде земјата и го продаде она за кое нашите предци се бореа, а и понатаму се шета слободно. Што е? Не сакаш да слушаш?“ – го прашала жената.

На крајот луѓето успеале да ја оддалечат жената од поранешниот премиер на Грција.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...