10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедонка, позната инфлуенсерка во Австралија, осудена на 18 месеци затвор

Македонка, позната инфлуенсерка во Австралија, осудена на 18 месеци затвор

Гламурозната Инстаграм инфлуенсерка Маргарита Томовска од Австралија е осудена на казна затвор откако со својот „мерцедес” се обидела да им побегне на полицајците возејќи дури 230 км на час на автопатот Принцес во близина на Хелсенбург, jaвија австралиските медиуми.

 

Маргарита Томовска, или како што ја викааат „Мерцедес мама“, воопшто не реагираше кога судијката ја осуди на 18 месеци затвор.

Томовска, која најпрво на својот Инстаграм профил објави дека носи облека од 15.000 американски долари, најави дека ќе поднесе жалба и ќе бара ослободување со кауција.

 

Таа на судското рочиште изјавила дека возела брзо под принуда од нејзиниот „опасен“ машки патник Кристофер Кинг. Во возилото имало и тригодишно дете. Таа не заборави да каже дека нејзиниот „мерцедес АМГ“ вреди 450.000 американски долари.

На полициската снимка за време на приведувањето, полицајците ја прашаа Томовска зошто возела така брзо. Таа одговорила дека била исплашена.

Извор mkd.mk
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...