8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаДокторката Алма од Подгорица мртво дете врати во живот

Докторката Алма од Подгорица мртво дете врати во живот

Педијатарот Алма Дрешевиќ која успеа да го врати во живот детето кое проголтало шаховска фигура и кое не давало знаци на живот, покажа дека не само што е голем доктор, туку и голем човек. Таа не се откажувала од тоа да го спаси детето дури и кога се чинело дека веќе нема надеж. Докторката, така стана херој на Црна Гора, но и на целиот Балкан.

Дрешевиќ изјавила дека минатиот четврток во околу 19 часот во болницата било донесено дете од страна на комшија кое не давало знаци на живот, а со него била и неговата мајка која вриштела.

„Дете на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура – пион. Бидејќи детето веќе не даваше знаци, немав прилика да размислувам што да направам. Во тој момент само знев дека треба некако да ја извадам фигурата затоа што секунди беа во прашање. За среќа, успеав да ја вовлечам раката со тоа што шаховската фигура нема да го уништи хранопроводот и ја извлеков фигурата“ – изјавила Дрешевиќ.

А потоа, како што додава таа, почнала борбата за живот.

„Кога ја извлеков фигурата, морав да правам реанимација уста на уста и масажа на срцето. По две реанимации, го слушнав чукањето на срцето. Кога го направив третиот циклус на реанимација, прво срцето почна да чука, но морав да продолжам, затоа што детето не дишеше“ – раскажува Дрешевиќ.

По четири пати давање на вештачко дишење детето зело воздух и почнало да дише.

„Во тој момент знаев дека детето е спасено. Итаната помош веќе беше на пат. Срцето работеше, детето дишеше. Мислев дека треба да биде на респиратор. Но, за моја среќа не беше така. Добив информација дека детето уште од саботата е пуштено дома. Најголемото задоволство кое можев да го доживеам е тоа што детето преживеа и што е добро“ – изјавила Дрешевиќ.

Таа истакна дека најважниот член на тимот е медицинската сестра.

– На мене мојата медицинска сестра неизмерно ми помогна. Кога сестрата не е паничар, кога сестрата слуша она што докторот и го кажува голема е шансата да се случи успех. Знам дека секој мој колега би реагирал исто како и јас. Кога гледате дека секоја секунда што ја губите може да го однесе детето, нема размислувања и тука мора да се работи, изјави Дрешевиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...