9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВака ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески-фотографии

Вака ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески-фотографии

spot_imgspot_img

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт.

Следните фотографии го прикажуваат идејното решение од неколку агли, а ги добивме по барање упатено до општината.

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше. Меѓу другото, затоа што објектот беше и поголем и поскап. Како што открија прислушуваните разговори, проектот бил и предмет на политички калкулации на тогашната власт на централно ниво.

Чаушевски и е познат на македонската јавност по неколку идејни решенија за објекти што се дел од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои – новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше).

Жарко Чаушевски – автор на идејното решение

За изгледот и содржините на идејното решение за почивалиштето на Тоше Проески било консултирано и неговото семејство. Но, сега се потребни пари. Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...