9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветЈа закопал мртвата мајка во гаража поради високата пензија

Ја закопал мртвата мајка во гаража поради високата пензија

spot_imgspot_img

Рано утрината српската полиција откри тело на жена родена 1935 година, закопано во гаражата од семејниот дом на улица ,,Доментиева“ на Дедиње во Белград.

Како што јавува РТС, се претпоставува дека синот, роден 1966 година, ја закопал тука починатата мајка, поради користење на нејзината пензија која била висока.

Жената умрела од природна смрт, пишуваат срспките мдиуи.

Инаку, овој бизарен случај го пријавила снаата на закопаната жена.

Таа отишла во полиција и кажала дека нејзиниот сопруг не ја пријавил смртта на сопствената мајка, а телото го закопал во гаражата.

Сторителот е уапсен,а во полиција првично изјавил дека мајка му починала на 11 октомври, но дека тој решил да ја закопа во дворот дури на 20 октомври.

Соседите изјавиле дека не ја виделе жената повеќе од еден месец, а нејзиниот син бил невработен.

Еспресо.рс открива дека несреќната жена примала странска пензија наследство од нејзиниот сопруг во висина од 1.700 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...