2.7 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотМакедонец фаворит за селектор на американскиот женски национален фудбалски тим

Македонец фаворит за селектор на американскиот женски национален фудбалски тим

Влатко Андоновски ќе биде именуван за селектор на американскиот женски национален фудбалски тим, пренесува порталот „Спортс илустрејтед“ повикувајќи се на неименувани извори. Официјалната презентација е планирана за понеделник и ќе се одржи во Њујорк.

43-годишниот Андоновски беше прв тренер на фудбалскиот клуб „Рејн“ во Националната женска фудбалска лига во текот на изминатите две сезони откако си замина од „Канзас Сити“.

Според повеќе неименувани извори, Андоновски засега е најголемиот фаворит за позицијата. На клупско ниво, Андоновски тренирал влијателни американски ветеранки, меѓу кои е и Меган Рапино.

Првите натпревари за Андоновски ќе бидат следниот месец, кога САД ги пречекуваат Шведска и Костарика на 7 и 10 ноември во последните натпревари за 2019 година.

Инаку, Андоновски е роден на 14 септември 1976 година во Скопје и е македонско-американски фудбалски тренер и поранешен играч. Тој живее во Канзас Сити, Мисури, заедно со неговата сопруга и нивните три деца.
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И шоферот на Палчо доби гратис шишање за во Шутка !!!

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел...

Првото селфи на Боки 13 откако е на слобода- Мора да признаеме како за болен човек, добро изгледа !!!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 објави фотографија на својот Фејсбук, прво селфи на слобода. „Првото селфи на слобода после повеќе од 4 години. Господ...

Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на...

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...