10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМицотакис предлага нашиот бренд да биде „Маcedonia“ а грчкиот „Маkedonia“

Мицотакис предлага нашиот бренд да биде „Маcedonia“ а грчкиот „Маkedonia“

Гчкиот премиер Мицотакис се обидува да го исполни своето предизборно ветување и преговара со грчките извозници за моделот со кој тие ќе ги брендираат своите производи во согласност со Договорот од Преспа, пренесе 360.

Според спогодбата, на потрошувачите треба да им се разграничи кој продукт е од Северна Македонија а кој од Грчка.

Медиумите во Грција пишуваат дека Мицотакис предлага разликата да се направи на тој начин што трговските марки од Северна Македонија, во светски рамки би биле брендирани со името „Macedonia“ a за продуктите од грчка Македонија би се користел називот „Makedonia“.

Тој оваа идеја ја претставил пред претставниците на Грчката асоцијација на извозници на состанокот одржан во Солун.

Оттаму велат дека до неа дошол откако на Гугл пребарувал со зборот „macedonia“, и дошол до заклучок дека најголем дел од резултатите водат до Северна Македонија, додека од „makedonia“, тие се поврзуваат со Грција.

Од Асоцијацијата предлагаат како земја на потекло, секој производ да го носи името „μacedonia- The Divine Great Land”.

Малото „μ” како грчка буква која се користи во сиот свет како математички симбол. Зборот „divine” се реферира на боговите од Олимп и на грчката митологија, додека „great”, според нив директно би асоцирал на Александар Велики.

Сепак, според грчките медиуми, била прифатена сугестијата наместо „divine“, за да се зацврсти брендот, да стои „greek“, со што секој производ од географскиот регион Македонија, од делот кој и припаѓа на Грција да биде маркиран како продукт со потекло од „μacedonia- The Greek Great Land”.

Со идејата на Мицотакис иронизираше екс-грчкиот премиер Ципрас.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...