10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМладо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски...

Младо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски „Суперталент“

Јозафат Раман, 17-годишен пијанист од Македонија без шаки и стапала, со својата
изведба на саундтракот за филмот „Реквием за сон“ го трогна жирито на
германското телевизиско шоу „Суперталент“ на РТЛ.
Сара Ломбарди низ солзи го проследи неговиот настап, а Дитер Болен вчудовиден
молчеше со фиксиран поглед врз кандидатот од Келн додека со неразвиените шаки
ги допираше клавишите на пијаното.
Раман, кој е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија,
се родил без шаки и стапала.
„Тоа е генетски дефект“, му објасни тој на жирито. „Немам целосни раце или прсти, а
исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“.
„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите
сè и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите
многу работа и енергија“, додаде тој, откривајќи дека четири години свири пијано.
„Видов видео на Јутјуб и помислив: Би сакал да го сторам истото“, изјави момчето
со физички недостатоци, но со талент за музика.
Членката на жирито Ломбарди настапот на Раман ја потсети на тешкото време
поминато со синот Алесио, роден со срцева мана.
„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции“, рече таа, додавајќи дека
„луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“.
„Не мислев дека ќе биде можно со овие раце“, призна нејзиниот колега од жирито
Болен. „Ми покажа дека ако сакате да постигнете нешто, можете да го сторите тоа“.
Раман доби „зелено светло“ од сите три члена на жирито. Тој тукушто ги положи
завршните испити за десетто одделение и сега сака да заврши средно училиште, а
потоа да учи за наставник по музика. Како што вели, музиката е неговиот голем сон
во животот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...