16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКараманлис: Со потпишувањето на Договорот од Преспа не се добива автоматски билет...

Караманлис: Со потпишувањето на Договорот од Преспа не се добива автоматски билет за ЕУ

Караманлис, како што пишува „Катимерини”, рекол дека Грција не го искористила соодветно преседанот што го поставил тој кога го блокирал влезот на Македонија во НАТО во 2008 година и дека настаните откриле „големи слабости” на Договорот од Преспа.

„Можевме да бараме и да постигнеме многу повеќе. Неодамнешните настани потврдија дека ‘другите’ сакаат да се приклучат на НАТО и на ЕУ и дека се уште мораат повеќе да докажуваат. После се, се чини дека имаат повеќе проблеми отколки оние со Грција”, изјавил Караманлис.

Што се однесува до позицијата на Македонија, тој кажал дека земјите кои имаат аспирации, порано или подоцна, да станат членки на Европската Унија мораат целосно да го применат и спроведат европското однесување, европските принципи и вредности.

„Никој не треба да претпоставува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор автоматски добива билет за Европската Унија”, порачал Караманлис.

Караманлис ја водеше грчката конзервативна влада од 2004 до 2009 година и беше лидер на Неа демократиа 12 години.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...