4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаСвет“Итно се бараат работници во Австрија“ многу Балканци сонуваат за плата...

“Итно се бараат работници во Австрија“ многу Балканци сонуваат за плата од 3.000 евра, но овие услови може да им бидат непобедлива препрека

Сигурно сте забележале дека Австрија, како и поголемиот дел од Западна Европа бараат работници од земјите од “третиот свет“, но ситацијата, барем како што кажуваат луѓето кои веќе се таму и не е толку многу идеална.

„Работа има, но за да ја добиете мора да исполните многу услови кои не се толку едноставни и често може да бидат непобедливи препреки“ – ја започнува приказната 29-годишната С.А. која со години живее во Салзбург, а која првобитно била во Австрија за да студира.

Како што истакнува таа, за да добиете виза, доколку не ви ја обезбеди работодавачот, неопходно е на сметка да имате од 800 до 1.000 евра или пак некој да гарантира за вас како на пример роднина или пак некој познаник.

За работа во Австрија неопходна ви е црвено-бела-црвена картичка која претставува работна виза за Австрија и ја користат вработените од “третиот свет“ кога ќе добијат конкретна понуда за вработување.

Работната виза ја издаваат исклучително од Службата за вработување во Австрија, а барањето за неа го дава работодавачот во Австрија пред вработениот да влезе во земјата.

Пости и листа на бодување со која се одредува на која работна група припаѓате. Целта е да се привлече најдобриот кадар од една земја, првенствено научниците и истражувачите. Тие добиваат можност да добијат виза на шест месеци поради барање на работа, а доколку не најдат тогаш приморани се да се вратат од земјите од кои дошле.

Станот насекаде е најголемата препрека

„Голем број од фирмите во огласот за работа не обезбедуваат стан, а тоа е и во поголемиот дел од Европа, и еден од најголемите проблеми затоа што побарувачката е голема, а понудите се мали. Тука се додава и огромниот список на услови кои станарите ги поставуваат пред оние кои сакаат да изнајмат стан“ – вели оваа девојка низ насмевка.

Таа додава дека првиот стан кој го изнајмила во 2012-та година чинел 480 евра, што нагласува дека денес тоа не е возможно.

„Само две години подоцна мораше да се преселам во друг стан. За тоа колку цените се смениле за толку кратко време, говори фактот дека јас сега плаќам дури 650 евра со дополнителни 50 евра за струја“ – објаснува таа.

„Студентите од “земјите од третот свет“ имаат право да работата во Австрија. Тоа во пракса не е толку убаво како што звучи. Доволно им е да работат по 20 часа неделно, доколку идниот работодавец е подготвен за нив да обезбеди работна виза. Кога на почетокот барав работа имав големи проблеми со дискриминацијата и оние компании кои ме прозваа на разговор за работа, веднаш го прекинаа разговорот“ – објаснува девојката.

Што доколку немате факултет?

Токму во професиите за кои не ви е потребен факултет, луѓето од земјите од “третиот свет“ го бараат својот спас, а доколку судите според австралиските сајтови за работа, такви профили на луѓе најчесто се бараат, а платите не се нималку ниски, се движат од 1.800 до 3.000 евра.

Извор tocka.com.mk

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...